понеделник, 25 ноември 2024

ОН се загрижени поради руската употреба на нова ракета во Украина

Употребата на нова балистичка ракета со среден дострел за нападот во Украина претставува „загрижувачки развој на настаните“, изјави портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Новиот развој на настаните предизвикува загриженост, бидејќи сè оди во погрешна насока“, им кажа Дижарик на новинарите.

Тој ги повика страните да преземат „итни чекори кон ублажување на тензиите за да се обезбеди заштита на цивилите и критичната цивилна инфраструктура“.

Дижарик го повтори повикот на генералниот секретар Антонио Гутереш за завршување на конфликтот со почитување на меѓународното право.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави вчера дека руските сили ја гаѓале Украина со нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел, по нападот на градот Дњепар.

Ракетата носела конвенционална боева глава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ