вторник, 22 октомври 2024

ОМД: Македонија е идеолошки поделена држава, власта не се фокусира на домашните проблеми

Објавено на

часот

Сподели

ОМД, преку изјава на својот директор Гордан Јорданов, соопшти:

„1. Македонија е очигледно идеолошки заробена држава со дадено зелено светло од европската и меѓународната заедница, која се фокусира на поделба и препознавање различности внатре во државата, каде заедницата свесно се поделува во помали малцински групи, наместо да се гради единство.

2. Македонската политичка фела не сака и не е спремна да се фокусира на своите домашни проблеми во справување со корупција, градење на основни сервиси за своите граѓани, развој на образование, здравство, судство, култура, економија итн. пред пристапот кон ЕУ.

Очигледно е дека политичките лидери сакаат вештачки да ја спроведат земјата во ЕУ, без никакви општествени вредности, без никаков развој, со потрошени милијарди од сите наши донатори (партнерски земји) а сепак на ниво да немаме ниту книги за нашите најмили.

Ф

Па затоа би се запрашале:

– Кого од граѓаните би го интересирало препознавање на малцински групи, кога граѓаните не можат да ги добијат основни општествени сервиси?

– Што мислат малцинските групи дека ќе добијат ако Македонија ги препознае, а впрочем нивното дете неможе да добие ниту основни лекарства, ниту сведителство?

Вчерашната парламентарна седница покажа и докажа дека во Македонија, нема ниту еден професионално образован политички визионер, ниту еден претставник кој се залага за реални европски промени, но го дефокусира општиот народ со разделби, поделеност и идеологија која и не е така далеку на оние луѓе кои Македонија општествено не економски, ја гледаа како Швајцарија на Балканот.

Затоа е круцијално за македонските граѓани, оние кои комуницираат со своите партиски претставници во парламентот и лидерите на партиите, да се стави пауза на овое прашања на припадност и се стави пристапноста кон ЕУ на мала пауза. Иако е општо познато дека ЕУ картичката е секогаш искористувана за добивање на гласачки поени, сепак ние мораме да се фокусираме на зајакнување на државата, пред да направиме уште поголемо поделување на македонското општество.

Да се фокусираме на справување со корупцијата, да се фокусираме со независноста на судството и спроведување на случаевите кои не доведоа до стотина жртви и погазување на македонскиот устав од страна на малцински претставници со ширење на идеологии на други држави, да се фокусираме на стандардизирање и развој на образованието, да се фокусираме на стабилизирање на здравството и ширење на македонската преубава култура и историја. Кога ние ќе ги исполниме барем овие горенаведени области, можеби тогаш, ќе биде време за вметнување на нови малцински групи и градење на пошироко општество.

Да не се фокусираме на поделба, но на обединување, затоа што поделбата никако нема да ги исполни основните сервиси на државата. Небитно е професорката по географија, или кој било друг предмет, на нашите деца дали е Македонка, Албанка, Бугарка или што било дома, но битно е дали нашите деца имаат учебници, сведителства итн. Истото е во здравство, истото е во судство истото е во сите сфери. Само тој е единствениот европски пат. Кога ние ова ќе го исполниме, нека се запраша Европа самата што и е круцијално за наше зачленување, но засега ќе мора дома во својот двор да си доработиме.

Само обединети можеме!“

                                                                                                        Фото: ОМД

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ