петок, 18 октомври 2024

Околу 350.000 луѓе побарале азил во Германија во 2023, дупло повеќе од 2022

Бројот на лицата што побарале азил во Германија минатата година се искачи на 351.915, што е зголемување за 51,1 отсто во споредба со претходната, 2022 година, соопшти денеска Федералната канцеларија за миграција и бегалци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најголем број баратели на азил се од Сирија – 104.561, потоа турските државјани со 62.624, а по нив се Авганистанците со 53.582.

Мигрантите станаа главен политички проблем за владата, бидејќи локалните заедници се борат да ги примат многуте новодојденци.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се соочува со огромен притисок од опозицијата да го забави овој тренд, неодамна изјави дека „доаѓаат премногу мигранти“.

Минатата година Шолц и 16 државни гувернери се договорија за нови, построги мерки за спречување на големиот број мигранти. Тие мерки вклучуваат забрзување на процесот на давање азил, ограничувања на бенефициите за барателите на азил и поголема федерална финансиска помош за државите и локалните заедници што се борат со приливот на мигранти.

Германија, исто така, прими над еден милион Украинци што избегаа од руската инвазија во февруари 2022 година.

Минатата есен, Германија повторно воспостави привремени гранични контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија.

Федералната влада, исто така, воведе дополнителни мерки за намалување на бројот на мигрантите со обидот да се забрза депортацијата на одбиените баратели на азил и да се заострат казните за луѓето вклучени во шверцување луѓе.

Минатогодишните бројки сè уште се далеку под бројките од 2015-16 година, кога во Германија дојдоа повеќе од милион мигранти, главно од Сирија, Авганистан и Ирак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ