сабота, 19 октомври 2024

ОЈО Струга бара притвор за велештанецот што се обиде да го убие началникот на струшката полиција

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши јавни овластувања – началник на ОВР Струга. Додека оштетениот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат. Оштетениот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи. Оштетениот влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот, со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри. Веднаш потоа избегал од местото на настанот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, можност да влијае врз оштетениот и сведоците, како и да го доврши обиденото кривично дело“, соопштија од Јавното обвинителство.

Според информации на МКД.мк осомничен за обидот за убиство е Сефер Насуфи кој е брат на поранешниот директор на Бирото за јавни набавки, а сега е член на Одборот на директори на Т-хоум, Бардуљ Љуци Насуфи.

Како што објави вчера МКД.мк, началникот на струшката полиција Дритан Ајро кој вчера беше прободен со нож е брат на поранешниот обвинител на специјалното јавно обинителство (СЈО), Артан Ајро кој по распадот на СЈО беше избран како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а неодамна беше унапреден во обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Ајро вчера беше опериран и според информациите на дежурнииот хирург се наоѓа надвор од животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ