сабота, 19 октомври 2024

ОЈО отвори истрага против човекот кој го купил автомобилот со кое е извршено убиството во Шиша бар

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во Косово, со умисла помогнал во извршување на кривично дело, така што со своите дејствија ставил на располагање средства за извршување на кривичното дело, односно учествувал во купопродажба на автомобил кој подоцна на 6 март бил искористен за извршување на кривичното дело убиство во кафе бар на улица „Самоилова“ во Скопје“, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје попладнево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека тој ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ