петок, 18 октомври 2024

„Охридско лето“ ниже атрактивни музички и драмски претстави

По спектаклот на свеченото отворање, на 12 јули – традиционалниот термин, од страна на Македонската филхармонија и ексклузивниот гостин, диригентот – виолонист, Џулијан Рахлин, меѓународниот музичко сценски фестивал “Охридско лето” продолжи на отворените сцени на Долни Сарај и предворјето на Света Софија.

Објавено на

часот

Сподели

Љубителите на уметноста можеа да уживаат во две драмски амбиентални претстави со изведувачи од Словенија (“Безгрешна”) и Србија – Никола Џуричко, додека, под внатрешните сводиви на храмот, музичкиот дел, мина во знакот на прославениот германски гитарист Герхард Рајхенбах ,како и синоќeшните исполнители, квартетот Арпеџо, од Виена, во рамките на “Австриската вечер”, на која настапи и харфистката Тина Жердин.

Концертот, во друштво на австрискиот амбасадор, Мартин Памер, го проследи и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Директорката на фестивалот, професор Наташа Поповиќ, оцени дека претставите, а и целата овогодишна програма, ја одразува безграничната моќ на музичко – сценските настани, со атрактивни уметнички доживувања. Според нејзе, на фестивалот „Охридско лето“, вечерите коишто се одржуваат со поддршка на амбасадите во земјава ја збогатуваат програмата со врвни уметници, што е и можност нашите уметници да настапат надвор од државата.

„Соработката со амбасадите во земјава е многу важна не само за Охридско лето, туку и за културата воопшто бидејќи преку нив ја потврдуваме соработката со најдобрите уметници, нашите и оние што доаѓаат од надвор. Уметниците од земјите со чии амбасади имаме соработка, се претставуваат кај нас, а нашите имаат настапи во странските земји. Фестивалот Охридско лето како најголема музичко-сценска манифестација во Европа и пошироко, е одлична можност за размена на уметниците и промоција на културата“, потенциора Поповиќ.

Пред концертот се обрати и амбасадорот на Австрија во земјава, Памер, кој, поистоветувајќи го Охрид со Салцбург – седиштето на асоцијацијата на музичките фестивали на стариот континент каде членува и охридскиот, рече ,дека, е голема честа да се биде дел од еден ваков фестивал каков што е „Охридско лето“.

„Голема е честа да се држи говор на ваков фестивал во прекрасниов Охрид кој е како Салцбург во Австрија. Охрид е вашиот Салцбург. Ние како амбасада ретко имаме можност да се вклучиме во културните програми, но сега честа е огромна. Би сакал да им се заблагодарам на уметниците кои вечерва ќе се претстават. Сите тие се во Виена, но се интернационални уметници кои доаѓааат од различни места ширум целиот свет. Би сакал да се заблагодарам на организаторите кои најпрвин организираа изложба за жените во Австрија, после која следува овој концерт“, напомена амбасадорот Памер.

Претходно, во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, беше поставена изложбата под наслов „Калиопе – Жените во општеството, културата и науката.

Австриското сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот.

Оваа изложба е замислена и како потсетник на тоа колку жените напредувале, но и истовремено претставува и осврт на она што се’ уште треба да се направи за да се обезбеди еднаквост.
В.М.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ