понеделник, 25 ноември 2024

Охридско езеро – 20 сантиметри под нивото на водата за овој период од годината

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму опаѓа, дури надминувајќи ја границата под дозволениот минимум.

Објавено на

часот

Сподели

Според последните податоци, нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Инаку, нивото на водата во езерото моментално е за еден сантиметар под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина.

За неповолниот водостој секако придонесува и продолжениот сушен период без позначајни врнежи, но најмногу прекумерниот испуст на водата и експлоатација на ревирот за производство на електрична енергија преку водотеците на Црн Дрим.

Флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу таа негативно се одзразува во крајбрежниот дел што инаку е најважниот  во езерскиот еко-систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ