петок, 22 ноември 2024

Одржан протестот поради кризата со автобускиот превоз во Скопје

И покрај тоа што со интервенција на Владата е надмината дводневната криза со автобускиот превоз во Скопје, кога поради недостиг на гориво не сообраќаа автобусите на ЈСП, денеска сепак се одржа протестот што го најавија градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш, Сојузот на средношколци, а им се придружија и студентите.

 

Објавено на

часот

Сподели

Протестот започна во 14 часот пред канцелариите на Град Скопје.

Оние што протестираат, се жалат не само на дводневниот застој во автобускиот сообраќај, за што сметаат дека одговорноста е во Град Скопје, туку и на континуираните проблеми со градскиот превоз и неодговорниот однос на градската администрација и на ЈСП, спрема категориите граѓани и жителите на општината Шуто Оризари, кои излегоа на протетстот и коишто се сметаат за најзасегнати во овој случај.

фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ