сабота, 26 октомври 2024

Одметнатиот грузиски регион разговара со Москва за приклучување кон Русија

Јужна Осетија, провинција што се отцепи од Грузија и се нарекува себеси независна држава, разговара со претставници на Москва за можноста да стане дел од Руската Федерација, го цитира денеска руската агенција РИА лидерот на јужноосетискиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија во 2008 година ги призна Јужна Осетија и уште една отцепена провинција Абхазија како независни држави, откако руските сили го одбија грузискиот обид да ја вратат Јужна Осетија во петдневната војна истата година. нејзината независност ја признаа и Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија.

Но Западот ја обвини Русија дека практично анектира два региони што сочинуваат една петтина од територијата на Грузија, а Тбилиси си ги сака назад.

„Разговараме за сите овие прашања во тесна координација со Русија, земајќи ги предвид нашите билатерални односи и договори“, го цитира РИА Алан Алборов, претседател на парламентот на Јужна Осетија, како одговара на прашањето за можноста за одржување референдум за приклучување кон Русија.

„Кога заедно со Руската Федерација ќе дојдеме до идеја да се приклучиме, тоа ќе го направиме“, рече Алборов.

Лидерот на Јужна Осетија, поддржан од Москва, Алан Гаглоев, минатата година изрази надеж дека покраината официјално ќе биде инкорпорирана во Русија, соопшти РИА.

Јужна Осетија се отцепи од грузиската власт во војната во 1991 и 1992 година, во која загинаа неколку илјади луѓе, и одржува блиски врски со соседната руска провинција Северна Осетија.

Повеќето од жителите на Јужна Осетија се етнички различни од Грузијците и зборуваат свој јазик поврзан со персискиот јазик.

Речиси целото население ги прифати руските пасоши. Тие ја користат руската рубља како валута, а нивната економија зависи од Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ