петок, 18 октомври 2024

Одбојкарките поразени на стартот од квалификациите за Европското првенство

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2026, вечерва загубија дома од Австрија со 0-3 во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Австрија влезе како голем фаворит на овој натпревар, нашите одбојкарки се обидоа да сторат нешто повеќе, но гостите не дозволија да се понадуваме на изненадување.

Во првиот сет Македонија освои само 14 поени, во продолжениеот од мечот бевме нешто подобри, во вториот сет реализиравме 17 поени, додека пак третиот сет го завршивме најдобро, со 20 освоени поени, но тоа не значеше ништо во конечниот исход.

Тамара Стојанова беше најефикасна кај нас со 12, Мери Бошковска освои 7 поени, Ерјона Јонузи забележа 6, Антонија Баталаковска 5, Симона Стојановска 3, а Мила Долдурова и Ива Стојкоска по 2.

Во следното коло, Македонија ќе се сретне со Грција на 28. август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ