петок, 18 октомври 2024

Одби да се бори со Израелец, па го исфрлија од Олимписките игри

22-годишниот Алжирец, Дрис Месауд е исфрлен од Олимписките игри и се соочува со суспензија откако денеска одби да се бори со Тохар Бутбул поради тоа што тој е од Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Алжирецот како голем муслимански верник, застана на страната на Палестина, изрази поддршка за оваа земја со тоа што одби да се бори со Израелец.

„Противникот на Бутбул самиот се отстрани од натпреварувањето. Израелската делегација ќе продолжи да се натпреварува со олимписките вредности, веруваме дека на ваквото однесување му нема место во спортот,” наведоа од Олимпискиот комитет на Израел.

И пред три години на Игрите во Токио се случуваа слични ситуации, кои донесоа сериозни последици. Сонародниците на Месауд, џудистот Фети Нурин и неговиот тренер Амар Бенихлеф, беа суспендирани на 10 години бидејќи од идентични причини одбија борба со натпреварувач од Израел.

За Месауд ова беа први Олимписки игри, а ако добие суспензија, веројатно и последни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ