сабота, 19 октомври 2024

Одбележани 82 години од бомбардирањето на Штип

Објавено на

часот

Сподели

„Тогашните југословенски народи, меѓу кои и македонскиот, одлучија да не се приклучат кон Тројниот пакт решија да дадат силен отпор и да ѝ се објави војна на големата Германија и на нејзините фашистички сојузници, до конечно ослободување од фашизмот. Затоа, на 6 април 1941 година, без претходоно објавување на војна, германскиот фашистички окупатор и неговите сојузници едновремено од воздух, вода и копно ја нападнаа територијата на бивша Југославија, а со тоа и на Македонија, а во тие рамки нападнат беше и Штип“, рече Мицевски.

Бомбардирањето на Штип почнало уште утрото, прво била бомбардирана тогашната Соколаната, каде што сега е и зградата на Народниот театар – Штип, во кој биле сместени две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија. Од првиот напад загинале околу 150 војници и офицери, а многумина биле ранети.

Инаку, на 6 април 1941 година бомбардирано беше и Скопје, како и други македонски градови, а по две недели управата Германија им ја предаде на бугарските фашисти.

                                                                                                                   Фото: МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ