петок, 18 октомври 2024

Од затвор, преку телефон, вршел измами

Затвореник од Скопје додека одлежувал затворска казна добил нова кривична пријава за измама. Тој од затворот во Прилеп преку телефон правел фиктивна купопродажба.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.А. (37) од Скопје, во моментот на издржување на казна затвор во казнено – поправната установа Прилеп, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „измама”. Лани на 21 септември пријавениот, преку телефонска комуникација и лажно претставување и прикажување на факти за фиктивна купопродажба, довел во заблуда сопственик на правно лице, со што го навел да стори штета на имотот на правното лице во вредност од 47.040 денари“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ