недела, 20 октомври 2024

Од Водостопанство велат дека е неоснована жалбата на КАЗ-груп, на тендерот немале најдобра понуда

Од државното акционерско друштво Водостопанство на Македонија велат дека е неоснована реакцијата на КАЗ-груп и дека на јавен тендер е избрана понудата која соодветствува на барањата и критериумите на набавката, а според тоа и на цената. Од КАЗ-груп, како што објави МКД.мк, реагираа и со видео изјава на директорката Катерина Здравеска која рече дека на тендерот на Водостопанство понудиле за три пати пониска цена за набавката на резервни делови, дека имаат четириесетина вработени и дека нивните производи се македонски, а дека е избрана фирма која има еден вработен. Во реакцијата се бара помош и од јавноста и од надлежните органи – Државната комисија за спречување на корупција и Министерството за земјодлество и водостоанство да реагираат. 

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Водостопанство се вели:

Ја информираме јавноста во врска со спроведената постапка за јавна набавка, Оглас бр.16299/2023 за Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД„Водостопанство на на РСМ“-Скопје, а за која јавноста не беше во целост информирана, односно беше дезинформирана и манипулирана.

Свесни за дотраеноста на мрежата за наводнување и одговорни за обезбедување на вода до крајните корисници, набавката на резервните делови е тендер кој е од суштинско значење за работата на Водостопанство.

Во изминатите години како претпријатие сме се соочиле со многубројни дефекти на каналската мрежа и поради тие причини оваа година Акционерското друштво внимателно ја подготвуваше техничката спецификација за набавка на резервните делови, со посебен осврт на типот, на квалитетот, на материјалот од кој се направени, гаранцијата и останати детали кои се од значење за издржливост, економска исплатливост и долготрајност на резервните делови.

По обезбедување на средства од програмата за Водостопанство на МЗШВ за 2023 година, акционерското друштво направи истражување на пазарот во Република Северна Македонија и утврди дека има повеќе економски оператори кои се конкурентни на пазарот и кои можат да ги задоволат барањата за потребите на Водостопанство.

Пред да се објави Огласот за јавната набавка беше спроведен и технички дијалог во кој друштвото ги објасни своите потреби и одговори на сите поставени прашања од Економските оператори.

По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите.

Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената.
По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби порад неоснованост.

„Државната комисија одлучи да не ја усвои жалбата и да ја потврди Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0507-2078/14 од 13.11.2023 година, донесена по Оглас за јавна набавка со отворена постапка бр.16299/2023 за набавка на стоки-Набавка на резервни делови потребни за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост, Скопје на договорниот орган Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје“, се наведува во Решението.

Целото решение за одбивање на жалбата поради неоснованост може да се види на веб страната на Државната комисија за жалби по јавни набавки, второстепен орган кој одлучува по жалбите за јавни набавки“, се вели во реакцијата на Водостопанство“.

Во продолжение видео-реакцијата на  КАЗ-груп:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ