недела, 27 октомври 2024

Од следната година Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Во Флорида на децата помлади од 14 години ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи од следната година. Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон Десантис, а законот бара компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги бришат профилите на лица помлади од 14 години.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба родителска согласност пред да се пријават на платформите како Инстаграм и Снапчат, пишува Скај њуз. Компаниите кои нема да ги избришат профилите ризикуваат да бидат тужени во име на децата. Во случај на прекршување на законот, компаниите би можеле да платат парична казна од 10.000 до 50.000 долари.

Новиот закон треба да стапи на сила во Флорида следниот јануари. Законот веќе предизвика огорченост кај компаниите на социјалните мрежи кои тврдат дека така се прекршува Уставот на САД.

Државниот републикански спикер Пол Ренер го нарече предлог-законот свој главен приоритет и рече дека „детето во развој не може да знае дека технологијата може да му предизвика зависност“. Предлог-законот, исто така, го дефинира материјалот штетен за децата како содржина „која нема сериозна литературна, уметничка, политичка или научна вредност за малолетниците“, заедно со „очигледно навредливите“ прикази на сексуално однесување и непристојност.

„Компаниите кои нема да забранат пристап до таков материјал или нема да забранат иден пристап на малолетникот по известувањето, се одговорни пред малолетникот за таквиот пристап, вклучувајќи ги судските трошоци и разумните адвокатски такси“, се вели во новиот закон.

Ренер призна дека знае дека компаниите за социјални медиуми ќе тужат веднаш штом ќе се потпише законот, но смета дека државата ќе ги победи. „Ќе ги победиме и никогаш нема да застанеме“, изјави тој. Десантис, кој неодамна ја прекина својата кампања за републиканска претседателска номинација, исто така го поддржа нацрт-законот.

„Мислам дека ја задоволивме правичната примена на законот“, рече Десантис.

Нетчоис, трговска група поврзана со Мета, Тикток и Икс, тврди дека политиката на Флорида создава „лична карта за интернет“ и поставува ограничувања за сите жители на Флорида без оглед на возраста.

„Разочарани сме што гувернерот Десантис го поддржа овој предлог-закон“, рече Карл Сабо, потпретседател и генерален советник на Нетчоис. Тој додаде дека има подобри начини граѓаните на Флорида и нивните податоци да бидат безбедни на интернет без да се нарушуваат нивните слободи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ