недела, 20 октомври 2024

Oд полноќ бензините поскапуваат за 0,15%

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28 јуни.

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,170%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,042%.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин – еуросупер  95 – 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин – еуросупер БС – 98 – 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво – еуродизел БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)

Масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 48,008 (денари/килограм).

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинoт еуросупер БС-98, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,080 ден/кг, соопшти РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ