петок, 18 октомври 2024

Обвинителството го крена гласот, ги предупреди партиите да не го злоупотребуваат во политички цели

Објавено на

часот

Сподели

„Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент дека лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и јавниот обвинител кој постапува во предметот преземаат дејствија за обезбедување докази, целосно водејќи се од начелата на правичност и заштитата на пресумпцијата на невиност.“, пишува меѓу другото во соопштението на Јавното обвинителство.

Во однос на коментарите во однос на времето за преземање на дејствијата во овој предмет, од ЈО, сметаат дека е неопходно да се истакнат одредени датуми што го следат постапувањето во предметот, со што јавноста ќе може да оцени дека предметот „Феникс“ е воден согласно закон и соодветно на доказите.

„Имено, доказот што беше неопходен во оваа кривична постапка – материјално-финансиското вештачење, што по наредба на предметниот обвинител го изготви судски вештак, е примено на 1 јуни 2023 година, а до јавниот обвинител документот е доставен на 5 јуни 2023 година. По негово проучување, во корелација со претходно обезбедените докази, на 12 јуни 2023 година јавниот обвинител до МВР веќе достави Наредба со насоки за подготовка на сите потребни мерки за реализација на кривичниот предмет. На 29 јуни 2023 година околу 11 часот, јавниот обвинител телефонски беше известен дека едно од осомничените лица е запрено на граничен премин во обид да ја напушти државата. Поради тоа, итно беше неопходно да започнат процесни дејствија соодветни на обидот за науштање на државата, кој факт беше образложен од предметниот јавен обвинител и на одржаната прес конференција. Според тоа, јавниот обвинител очигледно не можел да знае кога некое од осомничените лица ќе биде запрено при обид да ја напушти државата со што ќе иницира неопходност за брзо дејствување“, велат од ЈО.

Воедно, од Јавното обвинителство ги осудуваат, како што велат оттаму, сите обиди за јавна лична дискредитација на обвинителот кој максимално посветено и професионално постапува во предметот.

14 Македонци и еден Италјанец како и седум фирми од кои 4 македонски и три италијански, се дел од осомничените во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) наречена „Феникс“. Иако не беа споменати со име и презиме сепак според функциите и времето за кое што се води истрагата, во случајот „Феникс“ осомничени се експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев како и двајцата поранешни градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Сите 15 се осомничените за/или злоупотреба на службената положба и перење пари при изградбата на 10 споменици дел од прокетот во јавноста познат како „Скопје 2014“. 

Судија на претходна постапка вечерва на околу час и половина пред полноќ му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба во врска со набавката на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев, за перење пари. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ