сабота, 19 октомври 2024
Средба во Државниот завод за ревизија

Обвинителот Јовески ги уверуваше ревизорите дека немал за цел да формира паралелно антикорупциско тело

Објавено на

часот

Сподели

Тој најавил дека Јавното обвинителство на Македонија ќе изготви задолжително упатство со насоки до јавните обвинители за начинот за постапување по ревизорските извештаи.

„Исто така, го поттикна Државниот завод за ревизија што почесто да ја користи и можноста предвидена во членот 35 од Законот за државна ревизија, согласно која ‘доколку овластениот државен ревизор при ревизија оцени дека субјектот на ревизија сторил прекршок или кривично дело должен е веднаш да ги извести надлежните органи’, односно уште пред изготвувањето на конечниот извештај.

Ова значително ќе го забрза постапувањето на Јавното обвинителство по наодите од извршените ревизии и ќе овоможи навремено прибирање на доказите за кривична постапка. На оперативно ниво, беа разгледани и други аспекти за олеснета примена на ревизорските извештаи во кривичната постапка“, се наведува во соопштението.

Главниот државен ревизор потенцирал дека Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција во државата во континуитет стои на располагање со својата експертиза, стручност и професионалност на сите надлежни институции во системот за превенција и борба против корупцијата.

„Двете институции се договорија во следниот период да изготват заеднички план со конретни активности кои треба да се реализираат до крајот на годината, а кои вклучуваат и следење и повратни информации за постапувањето по ревизорските извештаи, како и едукација на јавните обвинители за методологијата и пристапот на работа во изготвувањето и содржината на конечните ревизорски извештаи.

Главниот државен ревизор и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се согласија дека во изминатиот период, по потпишувањето на заедничкиот меморандум за соработка, комуникацијата помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство е значително унапредена и подобрена, но постои можност и за дополнително зајакнување.

Веќе преземените активности вклучуваат номинирање лица за комуникација од двете институции, како и одржување почести работни средби меѓу овластените државни ревизори и обвинителите кои постапуваат во предмети кои произлегуваат од констатираните состојби и утврдени неправилности во конечните ревизорски извештаи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ