сабота, 19 октомври 2024
Седница на Советот на јавни обвинители

Обвинителите Ајро и Гоџоска одат во Вишото јавно обвинителство, Ристоска и Лапе не добија доволно гласови

Објавено на

часот

Сподели

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Инаку, Ристоска неодамна изнесе сериозни критики за правосудниот систем поради што заработи дисциплинска постапка, а во тој контекст беа изнесени и критики за Лапе.

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, тогаш по втор пат ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители со оценка дека владеат клиентелистички односи, дека е извор на трговија со влијание и дека како таков советот не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал.

Реакцијата беше дека таа ќе одговора пред дисциплинска комисија бидејќи „не ги поткрепила тврдењата со докази, а во истата реакција од Советот беше наведено дека поранешниот обвинител на СЈО Лапе не се појавува на работа во кумановското обвинителство и дека неговиот случај треба да се испита. Лапе инаку, заедно со Ристоска, останаа на работни задачи во објектот на поранешното СЈО по налог на државниот обвинител Љубомир Јовески, што самиот Јовески денеска пред Советот и го потврди, со цел да ги чуваат материјалите на СЈО и да работат на определените сложени исграги. Неодама Лапе објави истрага за дел од проектот Скопје 2014, со која се опфатени 11 споменици.

Ристоска пак, успешно го водеше случајот „Таргет-Тврдина“ во кој осуден на затворска казна беше поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Неколку години беше и обвинител за врска, односно работеше за Еуроправда. Пред две години таа доби „казна“ од мнозинството во Советот на јавни обвинители и не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пак, доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот. 

Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.

Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска на која ова ѝ беше втор обид, Александар Марковски и Владимир Милошески.

Поранешната шефица на Организиран криминал, Вилма Русковска не доби поддршка за обвинителка во главното државно обвинителство.

Пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство во Скопје и по еден во Гостивар и Кавадарци беа избрани на денешната 82 Седница на Советот на јавни обвинители.

Од пријавените шест кандидати на огласот за пет, во Основното јавно обвинителство Скопје беа избрани Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса, Ајбејан Ајдини, а не беше избран кандидатот Игор Димитровски.

Во Основно јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, поранешна обвинителка во СЈО која во рамки на Обвинителството за гонење на организиран криминал застапуваше предмети од СЈО и која ќе биде шефица на гостиварското обвинителство. Во ОЈО Кавадарци е избрана Елена Манчева Костова, како единствен пријавен кандидат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ