сабота, 19 октомври 2024
Првостепена пресуда за „Титаник 3“

Обвинетите за уништување на изборниот материјал пак добија затвор од по 3 и пол години

Објавено на

часот

Сподели

Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година.

Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд, потврдуваат од Основниот кривичен суд.

Во март 2020 година истиот првостепен суд обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, ги прогласи за виновни за уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година и го осуди по три години и шест месеци затвор.

При објавување на пресудата тогаш судијката Марија Клетничка-Марковска, рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал. Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.

Во јули 2021 година Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими и ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ