петок, 18 октомври 2024

Обновени информативните табли во ЗОО Скопје, донација на Кредисимо

Објавено на

часот

Сподели

„Зоолошката градина во Скопје е една од најпосетуваните и најатрактивните локации во градот и e наше големо задоволство што сме дел од нејзиното разубавување. Табличките се со информативна содржина и вклучуваат интересни факти и податоци за животните, а покрај тоа што претставуваат забава за најмладите посетители, имаат и едукативен карактер преку кој посетителите без разлика на нивната возраст можат да се едуцираат и да се информираат повеќе за секое животно кое што е дел од ЗОО Скопје, изјавија од Кредисимо.

„Среќни сме што голем број на компании го препознаваат капацитетот на ЗОО Скопје и што не себично помагаат заедно да ги подобриме условите во зоолошката градина. Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје, изјави директорот на ЗОО Скопје.

кред

Оваа донација на Кредисимо во Зоолошката градина во Скопје не е прва. Во месец јуни минатата година беа донирани средства за уредување на живеалиштето на лавовите, беше обезбедена боја за кречење на повеќе живеалишта што придонесе за подобри услови за животните како и за посетителите на ЗОО Скопје.

Донации од овој вид, со хуманитарен и еколошки карактер преку кои се придонесува за сеопшто добро на граѓаните и на заедницата се помеѓу главните цели на Кредисимо (Credissimo) како општествено одговорна компанија, која постојано вложува во унапредување на условите во животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ