петок, 18 октомври 2024

Обнова да, ама не насила

Објавено на

часот

Сподели

Реконструкцијата е потребна од функционални причини: Вангел Божиновски

„Генерално ѝ треба реконструкција на зградата на Владата, пред сè од функционални причини. Се губат многу пари во нејзиното одржување од аспект на задржување на топлинската енергија. При тоа мора да се почитуваат авторските права. Има начин да се добие состојба на афирмација во целата оваа работа. На сила не може ништо да се прави“, вели Божиновски и додава дека не верува оти некој сака поинаку да постапи зашто во тој случај би дошло до прекршување на Законот за авторски права.
Муличковски денес за МКД.МК изјави дека би го урнал новиот објект кога би имал булдожер, ако се направи каква било интервенција без тој да биде консултиран. Ставот дека не смее да се прекршат авторските права го дели и Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитектите на Македонија.

Во меѓувреме продолжува расправата на социјалните мрежи, но и гласањето на сајтот на Владата за петте идејните решенија за претстојната обнова на зградата. Засега, според бројот на граѓаните што гласале најмногу поддршка доби второто идејно решение, односно предлогот за модерна зграда на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ