сабота, 26 октомври 2024

Објавена снимка од дрон од Москва по терористичкиот напад (ВИДЕО)

Пустош, страв и ужас – тоа се зборовите со кои може да се опише она што остана од концертната сала Крокус сити хол по вчерашниот пекол за време на терористичкиот напад во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По страшното, непрекинато пукање и луѓето кои бегале по ходниците и скалите на салата и центарот, следел подметнатиот пожар кој хаотичната ситуација ја направил уште потешка, па освен спасувањето на ранетите и потрагата по терористите, безбедносните служби морале да го гасат пожарот и да ги спасуваат луѓето кои го преживеале пукањето, но останале заробени во зградата.

Снимката од воздух на она што останало од големиот комплекс е вџашувачка. На местото на пожарот останала само голема дупка. Оние кои синоќа се затекнале на ова место минале вистински пекол.

На снимката се гледа дека пожарникарските екипи и во текот на денешниот ден дежурале пред центарот.

Во нападот загинале најмалку 133 луѓе, а има и многу повредени.

Одговорноста за нападот ја презема терористичката група Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ