петок, 1 ноември 2024

Обединетите нации ја усвоија првата резолуција поврзана со вештачката интелигенција

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои првата резолуција за вештачката интелигенција (ВИ), со која се поддржуваат заштитата на личните податоци, надзорот на вештачката интелигенција и заштитата на човековите права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За резолуцијата, предложена од Соединетите Американски Држави, се преговараше три месеци. Сите 193 земји беа за усвојување на резолуцијата.

„Ние пловиме во променливи води со технологија што брзо се менува, што значи дека е поважно од кога било да се управува во светлината на нашите вредности“, рече еден висок претставник на американската администрација, опишувајќи ја резолуцијата како „прв документ за вистински глобален консензус за вештачката интелигенција“.

Резолуцијата е последна во серијата иницијативи на владите низ светот за да го обликуваат развојот на вештачката интелигенција поради стравувањата дека може да се искористи за да се нарушат демократските процеси, да се изврши измама или да доведе до драматично губење на работни места.

„Несоодветниот или злонамерен дизајн, развој, имплементација и употреба на системи за вештачка интелигенција претставуваат ризици што би можеле да ги доведат во прашање заштитата, промоцијата и уживањето на човековите права и основните слободи“, се вели во резолуцијата.

На прашањето дали преговарачите се соочиле со отпор од Русија или Кина, кои исто така гласаа за резолуцијата, официјалните лица признаа дека имало „многу жестоки дискусии“.

„Сепак, ние активно соработувавме со Кина, Русија, Куба и други земји што често не се согласуваат со нас“, изјавија тие.

„Ние веруваме дека резолуцијата воспоставува соодветна рамнотежа помеѓу унапредувањето на развојот и продолжувањето на заштитата на човековите права“, рече анонимно еден од официјалните лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ