петок, 25 октомври 2024
Во контраофанзивата

Њујорк тајмс: Украинската војска ја напушта американската тактика зашто не функционира

Објавено на

часот

Сподели

Украинските трупи обучени на Запад ги напуштаат американските тактики во својата контраофанзива за враќање на територијата од Русија.

Украина се надеваше дека ќе успее да ги пробие руските позиции и да постигне значајни резултати, споредливи со нивната контраофанзива во летото 2022 година, кога освоија неколку стратегиски важни града.

Првите неколку недели од долгоочекуваната контраофанзива на Украина не беа добри за украинските војници, кои беа обучени и вооружени од Соединетите Држави и нивните сојузници.

Опремени со напредно американско оружје и најавени како извидница на големиот напад, трупите се заглавија во густите руски мински полиња под постојан оган од артилерија и хеликоптери. Се губеа цели единици. Една единица го одложи ноќниот напад до зори, губејќи ја својата предност. Друга помина толку лошо што командантите целосно ја отстранија од бојното поле, вели американскиот весник.

Контраофанзивата напредува бавно, а војниците наидуваат на силно бранети руски позиции, заштитени со мински полиња, јуришни хеликоптери и артилериски оган.

Украинските единици сега ги напуштаат плановите за директен напад на руските позиции користејќи ги комплицираните западни маневри и наместо тоа го исцрпуваат непријателот со артилериски и ракетни баражи, пишува Тајмс.

Аналитичарите за Тајмс рекле дека западните сојузници на Украина инсистирале украинската војска да усвои поагресивни офанзивни тактики.

Западните сојузници веруваат дека продолжениот конфликт дополнително ќе ги исцрпи резервите на муниција на Украина и ќе биде во корист на Русија, се наведува во извештајот.

Но, по неколкунеделна обука, се вели дека украинските сили им се враќаат на попознатите методи.

„Проблемот беше претпоставката дека со неколкумесечна обука, украинските единици ќе можат да се борат на начинот на кој американските сили би можеле да се борат, водејќи го нападот врз добро подготвената руска одбрана. Наместо тоа, на Украинците требаше да им се помогне да се борат на најдобриот начин што го знаат“, изјави за Тајмс Мајкл Кофман, виш соработник во фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

Дел од западната опрема исто така се покажа неефикасен. Западните борбени тенкови и пешадиските борбени возила подарени на Украина не беа во можност да навлезат меѓу редовите руски мини на фронтот, што ја забави нивната долгоочекувана контраофанзива.

Аналитичарите веруваат дека Русија сака продолжен конфликт, што ќе ѝ овозможи да го намали украинскиот отпор и меѓународната поддршка за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ