среда, 27 ноември 2024

Њујорк: Со нож убил четири лица, меѓу нив две деца

Објавено на

часот

Сподели

Загинаа 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, и се претпоставува дека сите се членови на семејството, соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.

Во нападот се повредени три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот.

Според Си-ен-ен, полицијата добила итен повик веднаш по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, изјави началникот на полициската управа во Њујорк, Џефри Мадри на прес-конференција.

По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, еден го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот. Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ