вторник, 22 октомври 2024

НСДП: Го поздравуваме прогресот кај ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

„НСДП го поздравува одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување на кое повикавме пред две недели и кое е неопходно за да се загарантира европската иднина на државата.

Го поздравуваме прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој процес треба веднаш да се започне во Собранието.

НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени.

За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД“, се вели во соопштението на НСДП.

                                                                                                                               Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ