вторник, 1 октомври 2024

НСДП: 100 дена Влада, 100 дена безидејност, скандали и изолирана држава

Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети, оценуваат од НСДП за кои, како што се наведува во денешното партиско соопштение, е очекувано, „знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во
заробена држава и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што ја оставија во 2017 година“.

Објавено на

часот

Сподели

Од НСДП велат дена за 100 дена од изборот, Владата нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка која ја добија на изборите.

„Граѓаните ги прелажаа со еден куп лажни проекти, лажни реформи и
манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо.
Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го
отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со
Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во
популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од НСДП.

Осврнувајќи се на промената на името на државата, од НСДП нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше враќање на поранешното уставно име на Македонија и
репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со
Европската Унија, но, според партијата, од тоа нема ништо.

„Сѐ било една огромна изборна лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за менување на преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел“, сметаат од НСДП.

Во делот на економијата, од оваа партија велат дека Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити што само покажува дека сѐ поочигледно следува процес на орбанизација на Македонија.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број
на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време
просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не
функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата
се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од
надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега
имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно
мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа“, категорични се од НСДП.

Според партијата, стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат неискористени многу грантови од Европската Унија.

„Катастрофата што му се случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата, можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици“. порачуваат од НСДП. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ