Ако треба да издвоиме зошто еден од овие телефони може да биде вистинскиот уред за вас, тогаш ова се клучните карактеристики кои оваа серија ги поседува:
Совршени за гледање филмови и играње игрици
Новите Galaxy A16 5G и LTE поседуваат голем 6,7-инчен екран со минимизирани рамки на кој можете без проблем да ги гледате омилените филмови и серии, или пак да ги играте најновите мобилни игрици. Super AMOLED екранот обезбедува живописни, реалистични бои во секоја сцена, додека со стапката на освежување од 90Hz добивате беспрекорни транзиции од сцена во сцена за гантастично гејминг искуство.
Тројна камера за сите визуелни раскажувачи
Серијата Galaxy A16 е осмислена за сите љубители на визуелното изразузање, при што двата уреди се опремени со разновидна, тројна камера со висока резолуција, која ќе ви овозможи да ги снимите и сликате секојдневните моменти со неверојатни детали. Ултра-широката камера од 5MP е идеална за снимање зачудувачки пејзажи, додека предната камера од 13MP овозможува правење профи селфи. Главната камера од 50MP е создадена за снимање на секој момент, било како фотографија или видео, со највисока дефиниција и нуди инстант предлози за уредување со кои ќе ги усовршите и своите снимки во движење.
Тенок дизајн, долготрајна батерија и доверлива заштита
Новите уреди имаат елегантен дизајн со потенок форм-фактор од 7,9 мм. Тие се, исто така, опремени со нова IP54 заштита. Galaxy A16 5G и LTE се карактеризираат со енергетска ефикасност и непрекинато репродуцирање на видео содржина. И без грижи за траењето на батеријата, бидејќи со батерија од 5.000 mAh, Galaxy A16 5G обезбедува долго траење на батеријата со само едно полнење, при што со функцијата Super Fast Charging брзо се враќате во акција.
Серијата Galaxy A16 користи Samsung Knox Vault, доверлива заштита која физички ги изолира вашите ПИН-ови, лозинки и други лични податоци од неовластен хакерски пристап. Новите уреди, исто така, доаѓаат со шест генерации на ажурирања на оперативниот систем и шест години безбедносни ажурирања, со што вашиот уред останува безбеден и ажуриран.
Комерцијален текст