Информацијата за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах на социјалната мрежа Икс, каде сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на состанокот двапати се огласиле сирените за воздушен напад.
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарале за неговиот План за победа.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Новиот шеф на НАТО вети дека ќе помогне да се собере поддршка од Западот за Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО, на местото на Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.