среда, 27 ноември 2024

Нови руски напади врз Херсон во текот на ноќта, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа, девет се ранети во синоќешните руски напади врз јужниот украински град Херсон, изјави регионалниот гувернер.

Објавено на

часот

Сподели

Украинската армија во редовниот дневен извештај објави дека пресретнала 14 од вкупно 15 беспилотни летала што Русија ги испратила во Украина.

Руската армија речиси секој ден спроведува артилериски напади врз Херсон, на југот на земјата.

„Во текот на изминатата ноќ руската армија го бомбардираше центарот на градот Херсон“, напиша регионалниот гувернер Олександр Прокудин во пораката на Телеграм.

Тој изјавил дека проектилот погодил станбена зграда, каде загинале 87-годишен маж и неговата 81-годишна сопруга, 54-годишно лице се здобило со повреди на главата и нозете.

На друго место во центарот на Херсон, спасувачките тимови пронајдоа тело на уште едно лице додека ги расчистуваа урнатините.

Во последните 24 часа, во руските напади врз Херсон загинаа најмалку четири лица, девет беа ранети, меѓу кои и едно дете, рече Прокудин на Телеграм.

„Руската армија погоди населени места во областа, медицински установи, училиште и потребната инфраструктура во Херсон“, рече тој.

Тој не соопшти повеќе детали за материјалната штета.

Херсон се наоѓа од другата страна на природната линија на фронтот формирана од реката Днепар и е цел на артилериски напади на руската армија речиси секој ден откако градот беше повторно заземен од украинските сили во ноември 2022 година, по неколку месеци од руската окупација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ