понеделник, 25 ноември 2024

Новата безбедносна стратегија на Чешка: „Русија е директна закана, а Кина е системски предизвик“

Објавено на

часот

Сподели

Новата безбедносна стратегијата се вели дека го одразува крајот на периодот на мир и стабилност во Европа по крајот на Студената војна и дека Чешка „мора да се подготви за можноста да стане дел од вооружениот конфликт“, и покрај тоа што ризикот од напад врз земјата остана низок.

„Русија намерно дејствува против чешката политичка, економска и општествена стабилност. Тоа претставува основна закана за нашата безбедност“, се вели во документот, пренесува Ројтерс.

Чешките власти тврдат дека Русија работи на слабеење на демократските институции и дестабилизирање на општеството преку хибридни дејствија.

„Доколку во Русија не се случат фундаментални и длабоки политички и општествени промени, тоа ќе остане закана за европскиот простор, без оглед на исходот од војната во Украина“, се наведува во документот.

Кога станува збор за Кина, се нагласува дека таа „го доведува во прашање меѓународниот поредок“, што има штетни последици за евроатлантската безбедност.

„Заедничкиот интерес на Русија и Кина е да го ослабнат влијанието и единството на демократските земји. Ова е долгорочно системско ривалство“, се наведува во стратегијата.

Покрај тоа, во неа се предупредува на употребата на кинеската технологија и критичната инфраструктура.

„Постои опасност од кинески инвестиции во чешката и европската инфраструктура, доминација во стратегиските синџири на снабдување, контрола на клучните добра и развој на нови технологии, главно вештачката интелигенција, без оглед на етичките норми и меѓународните стандарди“, се истакнува во чешката безбедносна стратегија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ