вторник, 23 јули 2024

Нова ера во контрола на пушењето: предизвици, иновации и забрани

На неодамна одржаниот вебинар на италијанскиот Formiche беше претставена брошурата за политиката за здравствена заштита насловена „Рамковна конвенција за контрола на тутунот: предизвици и перспективи за СЗО“.

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет години по усвојувањето на  Рамковна конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација (FCTC), постои потреба да се редефинира регулативата на овој сектор, за да се вклучи нова свест за импликациите врз животната средина и здравјето и да се отвори патот до принципот за намалување на штети. Додека глобалните напори за намалување на стапката на пушење продолжуваат, традиционалните стратегии често ги покажуваат своите ограничувања. Со цел светот да се ослободи од чадот од тутунот, експертите заговараат иновативни пристапи и посилни превентивни мерки.

Фокусот на намалување на здравствените ризици поврзани со пушењето цигари станува клучен, бидејќи сличен пристап веќе покажа успех во решавање на проблемите како злоупотреба на алкохол и нарушување на исхраната. Новите алтернативни технологии на тутунот, кои иако не се без ризик, имаат значително влијание врз јавното здравје и се движат во оваа насока. Сепак, регулативата во неколку земји и натаму се држи до принципот на претпазливост, наместо намалување на штети.

За овие теми се дебатираше на неодамна одржаниот вебинар на италијанскиот медиум Formiche, кога беше претставена и брошурата за политиката за здравствена заштита насловена „Рамковна конвенција за контрола на тутунот: предизвици и перспективи за СЗО“.

Учесниците во дебатата истакнаа дека податоците покажуваат дека стратегиите на СЗО усвоени во последните години не довеле до значителни подобрувања во борбата против проблемот со пушењето кај светската популација. Поради тоа, неопходно е да се разбере како да се подобри она што се спроведувало во изминатите години и кои се областите во кои не биле преземени доволно активности, како на пример во случајот со политиката на превенција, а истовремено размислувајќи за тоа кои различни мерки би требало да бидат преземени. Во овој контекст, дебатата за намалување на ризикот станува се поважна. Принципот, веќе применет при злоупотреба на алкохолот, нарушувањата во исхраната и другите зависности, се однесува на интервенциите за намалување на негативните здравствени ефекти на одредени однесувања, кога тие не можат целосно да бидат елиминирани.

Еден од најпосветените застапници на принципот на намалување на штети, професорот по интерна медицина на Универзитетот во Катанија и основач на Центарот за истражување за намалување на штети од пушење (CoEHAR), Рикардо Полоса, истакна дека постигнувањето значителен напредок во областа на јавното здравје бара одлучни чекори. Според неговото верување, од клучно значење е истовремено да се сузбие пушење и да се подобри политиката во таа област. Во исто време, тој ја нагласува важноста од активна поддршка на алтернативите кај кои нема согорување на тутун, сметајќи ги како ефикасно средство за намалување на штетите по здравјето.

„Борбата против чадот од цигарите е клучен предизвик за јавното здравје, не само поради обемот на проблемот, туку и поради веќе достапните решенија. Меѓутоа, се чини дека понекогаш ни недостасуваат очигледни решенија, посебно таму каде што има одговорност за донесување одлуки“, истакна Полоса.

Во онлајн дискусијата учествуваше и Дејвид Свинор, угледен професор и претседател на Советодавниот одбор на Центарот за здравствено право, политика и етика на Универзитетот во Отава, кој како правник се занимава со развојот на политики за намалување на штетите од пушењето цигари веќе повеќе од четири децении.

„Луѓето умираат од пушење затоа што вдишуваат чад, а не од никотин. Знаеме дека земјите кои постигнаа најголем пад во преваленцата на пушење во последно време се оние кои суштински ги игнорираа препораките на Светската здравствена организација. Тоа се држави како Шведска, Норвешка, Исланд, Англија и Јапонија, кои овозможија замена за цигарите со алтернативи. Овие примери јасно покажуваат дека можеме да го елиминираме или значително да го намалиме проблемот со пушењето на глобално ниво преку усвојување на производи кои се вклучени во концептпт за намалување на штети“, заклучи Свинор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ