петок, 18 октомври 2024

Нов сој на коронавирусот во Словенија, македонските здравствени власти смируваат

Објавено на

часот

Сподели

Податоците од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16.

Симптомите на овој сој се чешање, коњуктивитис и високи температури. Сепак, досега не се евидентирани сериозни компликации. Овој сој побрзо се шири, пишува Јутарњи.хр.

Сојот го има во најмалку 24 држави – во Индија за еден ден има над 3.000 нови случаи, нагло зголемување на заразени е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Сојот е пронајден и во Данска, Германија, Шпанија, Холандија, Шведска и Италија.

Здравствените работници смируваат – арктурус е подваријанта на омикрон и нема простор за паника или загриженост.

Од Светската здравствена организација препорачуваа да се следи ширењето со оглед на тоа што се покажува доста позаразен. Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести за ТВ Канал 5 појаснува оти новите подваријанти не значат нова епидемија или ескалација на состојбата. Иако е потврден во Словенија, кај нас арктурус засега се нема утврдено. Допрва ќе се секвенционираат и анализираат примероци во Институтот за јавно здравје, но маските засега нема да се вратат, вели Мехмедовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ