недела, 14 јули 2024

Нов АСНОМ: Наметнати и недемократски уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залага за барање на гаранции од соодветни ЕУ институции и одредени наши западни пријатели, како Соваетот на ЕУ и САД, за нашиот идентитет, култура, посебност обичаи, јазик…  

ВМРО-ДПМНЕ заборава дека голем дел од нашите западни сојузници, од кои тие би барале гаранции, веќе ни дадоа гаранции дека ќе сме почнале со преговорите со ЕУ кога ние го сменивме името Република Македонија. Каде се тие гаранции сега? Зошто нашите западни партнери, кои веќе еднаш нѐ излажаа, токму сега ќе го исполнат своето ветување? Постојат многу примери во последните десетици години, кога нашите западни партнери не си стоеле на својот збор.  

Кој ќе гарантира дека нашите западни партнери ќе го исполнат тоа?  

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да имаат одложено дејство, т.е. да се применат на денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на земјите членки на ЕУ, има голем недостаток. Под тоа сценарио, прво би се имплементирале нашите уставни измени и потоа земјите членки на ЕУ би требало да го ратификуваат нашиот влез во ЕУ.  

Го потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ, кое го прифати предавничкиот Препсански договор, дека Грција го нема ратификувано Преспанскиот договор во нејзиниот парламент и за Грција истиот е правно неважечки. Знаејќи ја позицијата на поголемиот дел од грчките политички партии дека, ‘не можe да има Македонец кој не е Грк’, нивен став е дека ние немаме право да бидеме Македонци. Овој аргумент како и фактот дека Преспанскиот договор нема правно дејство во Грција, не е ратификуван од грчкиот Парламент, ќе бидат користени за да не се ратификува нашиот евентуален влез во ЕУ и покрај тоа што ние би ги исполниле сите критериуми за влез во ЕУ. На таа основа грчкиот Парламент ќе го одбие нашиот влез во ЕУ.  

Најдобар и најак гарантор за нашиот идентитет е вољата на нашиот народ кој на два референдума потврди дека името на нашата држава треба да биде Република Македонија. Поголемиот дел од граѓаните не се за вакви наметнати и недемократски уставни измени против нивната воља. Не сакаме да бидеме дел од ваква ЕУ.  

Враќањето на името Република Македонија е од врвен приоритет и гарантор на нашиот идентитет како и градењето на правно општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви услови за нормален економски живот во здрава животна средина“, соопшти Нов АСНОМ.   

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ