вторник, 26 ноември 2024

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

„До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири- комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата.

Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети“, се вели во соопштението на НМСМ.

Од НМСМ велат дека заклучокот дополнително им се потврдува со фактот дека градот не покажал доволно посветеност за надминување на пречките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отвoрање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027.

„Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е да застапуваме за суштинско вклучување на младите. Мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации-членки и партнери од студентските и средношколксите организации.

За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.

Апелираме до претставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање“, велат од НМСМ

И покрај овој резултат, од Националниот младинсии совет велат дека ќе продолжат да бараат поддршка и да вложуваат напори визијата што ја имаат за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржуваат младите и да застапуваат пред институциите политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ