сабота, 19 октомври 2024

Нишлии се правдаат: графитите се дело на луди глави

Објавено на

часот

Сподели

Нишлиите се обидуваат да ја поправат работата, по скандалозните графити

Од ова се срамат и нишлиите, кои велат дека тоа не е знак за нивниот град, кој секогаш имал симпатии кон Македонија.

„Графитите се дело на луди глави. Тоа се луѓе што немаат отидено подалеку од Ниш и се силат со некој национализам. Мислат дека сега треба да им прават мерак на Грците. Луда работа“, вели полицаецот што го регулира сообраќајот пред салата Чаир.

На само 100 метри од графитот пред салата Чаир, има неколку кафулиња, а најмногу внимание предизвикува „Кафе, кафе“, кое е обвиено со македонски знамиња. Персоналот од таму се смее кога ќе ги запрашаш што е работата со пораките што треба да дојдат до Македонците.

„Ние се секираме за тоа што ни забранија да точиме алкохол, мислевме дека ќе спечалиме пари, сега мора на сокови и кафе да се богатиме. Графитите немаме поим кој ги напишал, но тој не е со сите. Може лошо да минеме поради вакви глупости. Наместо на сите да ни биде желба да соработуваме и да најдеме економски интерес, ние сега ќе се расправаме со детски глупости. Тоа што ние ставивме 50 знамиња на Македонија надвор пред кафулето значи дека не размислуваме како тие што ги пишале графитите“, вели Срѓан, менаџер на кафулето.

И македонските навивачи што се блиску до салата го гледаат графитот, но не знаат како да реагираат. Се смеат, веројатно зашто мислеле дека ќе се случи нешто слично. Сите се надеваат дека само на ова ќе остане, а не се знае дали градот Ниш ќе реагира и бргу ќе ги избрише трагите од ова злодело.

Од Ниш, Златко Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ