Како што информира Царинската управа, заклучоци од средбата биле „подигнување на статусот на професијата, жестока борба против криминалот и корупцијата преку унапредување на разузнавачките капацитети, но и примена на стратешки пристап од страна на сите институции“.
Заклучено е и да се промени и пристапот во обуките при што тие треба да бидат теренски и суштински, а нив ќе ги посетуваат единствено лица кои ќе покажат високо ниво на професионалност.
Николовски и Диксон се согласиле за интензивирање на соработката која треба да резултира со зајакнување на институционалните капацитети во борбата со организираниот криминал.
„Мора да имаме суштински институционални промени, целта ни е подигнување на професионализмот на службата, каде безбедносните политики ќе ги спроведуваат лица со високо ниво на професионалност, интегритет и лидерство“, истакнал Николовски.
Шефот на Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ, Диксон, пак, како што информира Управата, истакнал дека една од целите на мисијата на ОБСЕ е да ја подобри интероперабилноста помеѓу институциите „се со цел ефективна борба со организираниот криминал“.
-Воедно потенцира дека институциите треба да се фокусираат на рана интервенција и спречување на криминалот и корупцијата, наведува Царинската управа во соопштението.