недела, 17 ноември 2024
Став на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Пет членки на ЕУ сметаат дека Македонија не е подготвена ниту за преговори за членство

„Најмалку пет земји членки на ЕУ, не мислам на Германија, но мислам на други земји, мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа не се врши притисок врз Бугарија. Нема притисок, затоа што мислат дека државата не е подготвена“, изјави на партиска трибина во Струга потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој ексклузивно најави дека во среда во Стразбур ќе се донесе резолуција со која ќе треба да се обврзе македонската влада дека ќе прекине со следење на граѓани со малициозни софтвери.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку Македонија беше според перцепција за корупција во првите 30 во светот, а не во првите 100 како што е во моментот, верувајте многу поразлично ќе изгледаше проблемот со нашиот сосед Бугарија, нагласи Николоски.

Корупцијата, нагласи, ја има од најниско до највисоко ниво, од шалтерски работник до премиер, забележувајќи дека граѓаните се иселуваат поради немање ред и поредок во државата.

Николоски рече дека неколку влади во Македонија ги губеле изборите поради случаи на прислушување, па нагласи дека сегашната влада дојде обвинувајќи дека се прислушувало во државата, но таа, како што нагласи, ветувајќи дека нема да има прислушување, продолжила со таква пракса.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ако некогаш се следела телефонска комуникација и СМС пораки, сега се врши следење со таканаречени малициозни софтвери кои што директно влегуваат во апаратот на оној кој што треба да биде следен.

Тој нагласи дека ако Македонија не се обврзе да не врши следење од таков тип, дека тоа ќе го стори идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, па најави:

„Ексклузивно да соопштам, оваа среда, точно на 11 октомври во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе води голема дебата за злоупотреба на системите Предатори и Пегасус со кои што, мислам, и во Македонија се прислушува. Јас ќе бидам еден од говорниците, а после тоа ќе се усвои Резолуција која што ќе стане обврзна за Македонија. И доколку овие не ја спроведат, а нема да ја спроведат, ќе ја спроведеме ние и ќе одговараат сите кои што прислушувале“, заклучи Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ