вторник, 22 октомври 2024

Николоски: Негувајќи монструм, власта создаде Франкенштајн, Палчо е полициска инсталација

Во Македонија со години важи една политика на неказнивост. Треба да го видиме добро профилот на осомничените за извршените два грозоморни чина. Се работи за лица кои беа полициски проект добри 6-7 години во Македонија. Лица кои некаде пред референдумот за името во 2018 година беа создадени како „патриотски движења“ и требаше да ја одземат силата на ВМРО-ДПМНЕ, па нели тие беа „патриотите“, а ние бевме „предавниците“. Тие беа тие што се удираа во гради за Македонија, а ние требаше да изгледаме како некои помеки. А, во суштина тоа беа полициски инсталации, полициски структури со дебело криминално досие кои  одработуваа со цел полицијата да не ги казнува. И тоа обично така оди, кога негувате монструм, на крај добивате Франкенштајн, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во изјава за ТВ Сител за извршените убиства од страна на Љупчо Палевски-Палчо.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски потенцираше дека власта на СДС и ДУИ е директно одговорна и затоа што истите лица претходно не биле казнувани за помали дела, па стигнале да убиваат деца.

„Тие луѓе сметаа дека вечно ќе бидат заштитени од параполициските структури на оваа власт. И тука има подеднаква одговорност и СДС и ДУИ“, изјави тој.

Всушност, додаде тој, видете каде најчесто овие луѓе гостуваа по медиуми и видете на пример каде Артан Груби гостува по медиуми, и горе доле ќе ви се поклопат работите.

„Така што кога ќе се претера со тие политички игри и кога тие политички игри се само во сурова заштита на сопственото владеење во Македонија, за жал и на криминал, доаѓа до вакви ситуации. И тука апсолутно има одговорност целата власт на СДС и ДУИ, затоа што не се непознати лица осомничените, не се обични криминалци од улица“, рече Николоски.

Тој додаде дека овие радикални политички структури се поддржани од власта, потсетувајќи дека токму и поранешниот премиер од СДС Зоран Заев се фалел од собраниска говорница дека ги финансирал истите.

„Трагедијата ќе беше еднакво голема да беа овие и улични криминалци кои ги направиле овие злосторства. Но, самото тоа што се работи за јавно профилирани личности кои имаа добиено таква улога од параполициските структури во државата, командувани од владата на СДС и ДУИ, покажува дека контекстот е многу посериозен. И дека оваа политика од една страна на неказнивост, а од друга страна на стимулирање на говор на омраза во јавност што го имате на секој чекор, за жал носи до вакви последици. Радикалните политички структури во оваа држава, за жал се поддржани од власта. Да ве потсетам, поранешниот премиер Зоран Заев јавно од говорница се фалеше кој од овие радикални политички структури финансирал и како финансирал“, рече тој.

Николоски потсети дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и тој лично добивал закани од Љупчо Палевски Палчо, но полицијата тогаш не преземала ништо, односно, како што рече тој, бидејќи власта не ги санкционирала, тие од „копачи на злато“, се претвориле во суштина копачи на зло.

„Да ве потсетам дека истите ликови упатуваа закани кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кон неговото семејство, кон мене лично, и не еднаш туку многу пати, никој од власта не ги санкционираше за тоа и кога имате политика на неказнивост на овие „копачи на злато“, а во суштина копачи на зло, тогаш имате резултат каков што имате, а резултатот е трагедија“, истакна Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ