вторник, 26 ноември 2024

Николоски: Филипче и Бочварски излажаа дека експресниот пат Прилеп – Градско е готов

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско – Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, и двајцата изјавија дека работите се завршени над 90%. На оваа изјава реагираше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски: На лагата ѝ се кратки нозете! Венко Филипче и Благој Бочварски брутално излажаа дека експресниот пат Прилеп – Градско е готов. Но вистината е сосем друга. Погледнете го видеото и уверете се, реагираше Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Видеото го објави ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп вели дека не е точно дека е во голем процент е завршен експресниот пат Градско-Прилеп.

„Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста. Овде во Дреновската клисура градежните активности се на самиот старт, а слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово.

Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на градежните активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат.

Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што ѝ се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија.

На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија“, изјави Продановски од Дреновската клисура.

Вчера Филипче на својот фејсбук профил објави: „Со Благој Бочварски го возевме новиот пат Градско – Прилеп, првата делница од Градско до Дреново. Изгледа одлично. Работите се завршени над 90%“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ