понеделник, 4 ноември 2024

Николоски – Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката на државава со САД

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на која разговарале за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и на Министерството за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството, Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изразил уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

„На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач. На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија. Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ