среда, 11 декември 2024

Планинарски марш по повод „Мовембер – не дозволувај здравјето да скапе“

Македонското здружение по урологија вчера го организираше планинарскиот марш со кој почна да се спроведува овогодишната кампањата „Мовембер – ме дозволувај здравјето да скапе”. „Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).

Објавено на

часот

Сподели

Маршот почна од ОУ „Кочо Рацин” до Средно Водно. На маршот зедоа учество значителен број на граѓани, доктори, пациенти… Меѓу планинарите беше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов.

Во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности, соопштија од Здружението на уролози на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ