вторник, 3 декември 2024

Маја Санду прогласи победа на претседателските избори во Молдавија

Молдавија ја потврди својата европска ориентација во неделата со реизборот на Маја Санду, во вториот круг од претседателските избори по тензиите и во позадина на сомневањата за руско мешање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, драги Молдавци, одржавте лекција за демократија достојна да се најде во историските книги“, рече 52-годишната Санду во својот изборен штаб доцна синоќа.

Таа освои 54,9 отсто од гласовите, наспроти 45 отсто за Александар Стојаноглу, 57-годишен поранешен обвинител поддржан од проруските социјалисти.

Како и за време на неодамнешните парламентарни избори во Грузија, друга поранешна советска република, Русија беше обвинета за мешање во изборниот процес, што Кремљ категорично го отфрла.

Сепак, овој пат исходот беше поволен за проевропскиот табор.

Брисел реагираше многу брзо. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека е „задоволна што продолжува да работи со Маја Санду за европската иднина“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, рече дека е задоволен што „демократијата триумфираше над секое мешање“.

Маја Санду, првата жена која во 2020 година ја зазеде највисоката функција во Молдавија, која се наоѓа помеѓу НАТО и руската сфера на влијание, му го сврте грбот на рускиот претседател Владимир Путин по почетокот на руската инвазија на соседна Украина и направи јасно свртување кон Запад.

Санду освои најмногу гласови и во првиот круг од претседателските избори на 20 октомври, но во вториот круг нејзиниот противкандидат Стојаногло сметаше на поддршката од гласачите од неколку помали кандидати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ