петок, 13 декември 2024

Пелистер со гол во 92. минута го победи Вардар во вечното дерби

Вардар беше подобар противник, создаде значително повеќе шанси во текот на второто полувреме, но бодовите останаа во Битола, Пелистер го доби дербито со 1-0, со гол на Мирко Ивановски.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер и Вардар одиграа дерби како што само може да се посака, со прекрасна атмосфера која ја создадоа двете навивачки групи. Актерите на теренот не беа на тоа ниво, особено не во првото полувреме кога не се случуваше многу.

Натпреварот почна рамноправно, двете екипи се менуваа во иницијативите, така беше во првиот дел во кој речиси и да немаше посериозна шанса и на двете страни.

Работите се променија во вториот дел кога Вардар тргна по погодок, а Пелистер се повлече. Црвено-црните создадоа неколку одлични шанси, особено преку Дианиси кои пропушти најмалку три убави прилики да донесе водство за скопскиот тим.

За неискористените шанси казната стигна во 92. минута кога Мирко Ивановски постигна гол за ерупција во Битола, Пелистер поведе со 1-0, а тоа беше и конечниот резултат.

Ивановски поради начинот на кој го прослави голот доби втор жолт картон и мораше некоја минута предвреме да го заврши натпреварот.

Со оваа победа Пелистер се качи на седмото место со 16 бодови, а Вардар со двојно помалку е последен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ