недела, 27 октомври 2024

Никол Шанахан е кандидатката на Кенеди за потпретседател на САД (ВИДЕО)

Независниот кандидат за претседателските избори во САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор денеска ја избра Никол Шанахан за своја потенцијална потпретседателка, а неговата независна кандидатура се чини дека ги исплаши демократите, пишуваат медиумите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Никол Шанахан (38) е калифорниска адвокатка и филантроп која никогаш не извршувала никаква јавна функција. Ја води фондацијата „Биа-Ехо“, организација што ја основала за да насочи пари за прашања како што се женската репродуктивна наука, реформи во кривичната правда и животната средина.

Кенеди, поранешен демократ, го објави изборот за потпретседател во Оукленд, Калифорнија. „Никол и јас ја напуштивме Демократската партија. Нашите вредности не се променети. Демократската партија е“, рече Кенеди.

Без партиска поддршка, Кенеди се соочува со тешка битка да влезе во изборната трка поради различните правила во 50-те сојузни држави.

Кенеди го именуваше својот потпретседател бидејќи околу половина од државите бараат претседателските кандидати да го сторат тоа пред воопшто да влезат во изборната трка и да добијат право да бидат на гласачкото ливче.

Се чини дека кампањата на Кенеди донекаде ги исплаши демократите, кои се обидуваат да ја придобијат наклонетоста на „третите страни“, односно на оние кои би можеле да го поддржат демократскиот кандидат Џозеф Бајден или републиканците и нивниот се поизвесен кандидат Доналд Трамп.

Бајден и Трамп, кои тргнаа во „реванш“ на изборите одржани во 2020 година, генерално не се популарни кај американската јавност и ќе мора да се соочат со многубројните гласачи кои не се одушевени за ниту еден од нив.

Кенеди е потомок на познато влијателно и богато демократско семејство, во кое најпознати биле неговиот татко Роберт Ф. Кенеди, кој беше американски сенатор, државен обвинител и претседателски кандидат, и неговиот стрико, поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. И двајцата беа убиени во атентат.

Роберт Ф. Кенеди Џуниор бил тинејџер кога неговиот татко, познат како РФК, бил убиен за време на претседателската кампања во 1968 година. РФК Џуниор изгради своја репутација како активист, писател и адвокат кој се бори за еколошки цели, како што е чистата вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ