петок, 18 октомври 2024

Никол Кидман е досадна

Објавено на

часот

Сподели

Никол Кидман мисли дека луѓето ја доживуваат како досадна. Таа на церемонијата на доделување на златните глобуси изјави: „Не пијам алкохол. Гледате колку сум досадна? Вечерва ќе пијам само минерална вода“.
Иако луѓето можеби навистина ја сметаат за досадна, таа има право да биде таква. Оскаровката има четири деца за кои треба да се грижи. Покрај двете посвоени деца, таа има уште две ќерки, а најмалечката, Феит Маргарет, има само 13 месеци.
„Таа е прекрасна, колку повеќе расте, ме прави сè посреќна и посреќна. Не можам да престанам да ја бакнувам!“, изјави Кидман.
Никол додаде и дека нејзиниот живот станал побогат откако станала мајка.
„Го сакам секој период од нивното растење. Обожавам да се грижам за деца. Тие се неизмерно богатство во мојот живот!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ