вторник, 22 октомври 2024

Невремето блокира дел од патиштата низ државата

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата, а поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти Македонијапат.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници“, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето

Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Од Македонијапат апелираат до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управууват со возилата, како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Екипите на Македонијапат се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ