недела, 27 октомври 2024

Нетанјаху за убиствата на хуманитарците: Нашите сили ненамерно ги погодиле, тоа се случува во војна, спроведуваме истрага

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави денес истрага на израелскиот воздушен напад на Појасот Газа во кој беа убиени седум работници на добротворната организација Светска централна кујна (ВЦК).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој настанот го нарече „ненамерен и трагичен“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека во напад на конвој на хуманитарната организација загинале државјани на Австралија, Британија, и Полска, како и Палестинци и лице со државјанства на САД и Канада, пишува Ројтерс.

Организацијата соопшти дека хуманитарците патувале во два блиндирани автомобили со логото на хуманитарната организација и уште едно возило.

Израелската војска изрази „искрена тага“ и вети независна истрага на инцидентот.

„За жал, во изминатиот ден се случи трагичен настан во кој нашите сили ненамерно погодија лица кои не се борци во Појасот Газа. Тоа се случува во војна. Спроведуваме детална истрага и контактираме со владите. Ќе направиме сè за такво нешто да не се повтори“, кажа Нетанјаху во видео изјава.

Хуманитарците и нивниот палестински возач беа убиени доцна синоќа во израелски напад во Газа, соопшти невладината организација за која работеа.

Соработници на американската невладина организација Светска централна кујна, која испорачува храна во Појасот Газа, се убиени во израелски напад, соопшти на мрежата Икс основачот на таа организација, шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес.

„Ова не е само напад на ВЦК, ова е напад на хуманитарните организации кои се појавуваат во најтешките ситуации во кои храната се користи како оружје во војната“, кажа Ерин Гор, извршна директорка на ВЦК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ