петок, 18 октомври 2024

Нетанјаху: Израел нема да војува против Хезболах, но е спремен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рече на резервистите на Израелските одбранбени сили (ИДФ) дека Израел претпочита да ја врати безбедноста на северот на земјата на границата со Либан, наместо да војува со либанскиот Хезболах, но додаде дека неговата земја е подготвена да го стори тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Хезболах многу погрешно нѐ разбра во 2006 година, па дури и сега многу погрешно нѐ разбираат“, рече Нетанјаху во северниот израелски град Кирјат Шмона, алудирајќи на едномесечната војна против Хезболах таа година.

Лидерот на Израел рече дека гледа „огромна моќ, единство кај народот, одлучност да се направи сѐ што е потребно за да се врати безбедноста на северот“ и додаде дека тоа е неговата политика.

Нетанјаху им се обрати на војниците неколку часа откако противтенковски проектил го погоди Кирјат Шмона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ